Македонскиот премиер ценет надвор - извикан внатре

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје

1542910
Македонскиот премиер ценет надвор - извикан внатре

 

Очигледно дека епидемијата Ковид-19 ќе ни го загорчи животот уште еден извесен период. Иако има најави дека до крајот на овој месец најверојатно голем број земји во светот веќе ќе започнат со вакцинација на нацијата. Но сепак ќе треба извесно време уште додека здивнеме и барем се чувствуваме малку побезбедни. Од тие причини и натаму оваа пандемија ќе продолжи да биде точка број еден во агендата речиси на сите земји во светот. Аналогно на тоа и во политичката агенда на Република Северна Македонија доминира прашањето на корона но и едно чисто  политичко прашање никако да падне од дневниот ред на политичката сцена во земјата. Погодувате се работи за спорот со Бугарија која и овие денови на состанокот на министрите за надворешни работи на земји членки на унијата по се изгледа нема да ја дигне рампата за започнување на преговори со ЕУ. Имајќи го во предвид тоа не е тешко да се закључи дека политичкото водство на земјата, особено овие денови вложуваат вонредни напори, не ли би ги задоволиле политичките амбиции на соседна Бугарија. Тука особено позицијата на македонскиот Премиер Зоран Заев, во најблага форма речено е многу деликатна.

Да потсетам дека македонскиот премиер по интервјуто за бугарскиот БГНЕС, го собра целиот гнев на македонската јавност, односно на неговите противници, но богами и на голем број негови следбеници. Премиерот Заев прво не само од опозиционите кругови во земјата, туку и од некои независни интелектуалци и јавни личности во земјата, уште кога го потпиша Преспанскиот договор со Република Грција, внатре во земјата беше прогласен за велепредајник од истите. Особено со чинот на референдумот со кој се стави “печат“ (со организирање на еден неуспешен  референдум, со што на името на државата беше додадена географската одредница,”Северна“, што предизвика голем револт со што од дел од својот народ беше прогласен за предавник на својата земја и нација, поради што, според опозицијата се смени името на земјата.

Со македонскиот премиер Зоран Заев, деновиве се случува нешто што или ретко се гледа на политичката сцена или воопшто не се случува. Имено премиерот Заев со потезите што ги влече на надворешен план направи значаен чекор во позиционирањето на државава, поради што добива активна поддршка и највисоки оценки од најважните политички кругови во Европа, а внатре во земјата во буквална смисла на зборот е извикан. Дури и најголемите виновници за тоа што Република Македонија речиси цели 30 години тапкаше на место и не успеваше да ја доближи државата до евроатлантските структури. Ете на пример поранешниот Министер за Надворешни Работи на Република Македонија, ВМРО’вецот Антонио Милошовски, кој заедно со својот шеф Никола Груевски, исто така се пазареа околу името на државата, деновиве не само што сака да се престави како голем патриот, се пушта во нечесни игри и шири лажни информации дека не само Бугарија, туку и Данска и Холандија исто така се противат Македонија да започне преговори со ЕУ. Што категорички беше демантирано од дипломатските претставништва на овие две земји во Скопје. Не е ни чудо што секој македонски успех на меѓународната сцена, опозицијата во земјата овие луѓе го доживуваат како свој личен неуспех. Ова го покажуваат на најеклатантен начин. Искажан убав збор, комплимент, од странски државници за напорите на Македонија и нејзиниот премиер да ја позиционира својата земја на меѓународен план, внатре во земјата особено од опозицијата се пречекува на нож. Ситничарат, завидуваат, се радуваат за секој неуспех, со голем цинизам, патетика. Немаат никаков придонес за доброто на државата и нацијата.

Но и покрај тоа, власта не се откажува да го одржи пламенот на надежта дека евро-интегративен пробив во Брисел и покрај се ќе се случи. Макар и како конструктивен влог за продолжување на тие напори идната година. Бидејќи, во спротивно, се разбира дека е најлесно да се дигне раце од сè и, соочени со бугарските провокации, да се влезе во матрицата на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Како што вели еден наш познат колумнист и аналитичар,”пловејќи на бранот на домашната разочараност и распалувањето на овдешниот национален сентимент. Во таква трка кон дното, опозицијата би немала никаква шанса со пропагандната платформа што може да си ја обезбеди која било власт.

Автор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје.

 



Слични вести