Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) формирана новата Влада на чело со Ерсан Санер

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) формирана новата Влада на чело со Ерсан Санер

1542584
Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) формирана новата Влада на чело со Ерсан Санер

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) формирана новата Влада на чело со вршителот на должноста претседател на Партијата за национално единство (УБП) Ерсан Санер како премиер. 

Новоформираната влада се состои од Партијата за национално единство (УБП), Демократската партија (ДП) и Партијата за повторно раѓање (ЈДП).

Премиерот на коалиционата влада Ерсан Санер списокот со членовите на кабинетот му го предаде на претседателот Ерсин Татар.

По остварената средба со претседателот Татар, новиот премиер на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер даде изјава за претставниците на печатот. 

Санер истакна дека протоколот за коалициона влада е потпишан меѓу УБП-ЈДП-ДП, дека списокот со членовите на кабинетот го доставил до претседателот Татар и дека новиот кабинет е прифатен.

Потоа Ерсан Санер ги прочита членовите на кабинетот на 36. Влада на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). 

Кабинетот се состои од следните имиња:

Премиер Ерсан Санер, заменик премиер и министер за економија и енергија Ерхан Арикли, министер за надворешни работи Тахсин Ертугрулоглу, министер за внатрешни работи Кутлу Еврен, министер за финансии Дурсун Огуз, министер за образование и култура Олгун Амџаоглу, министер за земјоделство и природни ресурси Назим Чавушоглу, министер за урбанизам и транспорт Унал Устел, министер за здравство Фикри Атаоглу, министер за труд и социјална заштита Корал Чагман.

Велејќи "Посакувам владата да биде аирлија за целиот наш народ", премиерот Ерсан Санер нагласи дека заедно со другите коалициони партнери во владата ќе бидат фрлени со одлучност чекорите коишто треба да се фрлат што поскоро.

Протоколот за формирање на коалиционата влада УБП-ЈДП-ДП на беше потпишан вчера во Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) од страна на вршителот на должноста претседател на Партијата за национално единство (УБП) Ерсан Санер, претседателот на Демократската партија (ДП) Фикри Атаоглу и претседателот на Партијата за повторно раѓање (ЈДП) Ерхан Арикли.

 



Слични вести