Претседателот Татар мандатот за составување на нова влада повторно му го додели на Ерсан Санер

Вршителот на должноста претседател на Партијата за национално единство (УБП) Ерсан Санер, по остварената средба со претседателот Ерсин Татар од чија страна повторно му беше доделен мандатот за составување на нова влада, даде изјава за новинарите

1541602
Претседателот Татар мандатот за составување на нова влада повторно му го додели на Ерсан Санер

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар мандатот за составување на нова влада повторно му го додели на вршителот на должноста претседател  на Партијата за национално единство (УБП) Ерсан Санер.

Санер, по остварената средба со претседателот Ерсин Татар даде изјава за новинарите.

Санер потсети дека по добиениот мандат за составување на нова влада на 7 ноември оствари разговори со партиите кои се претставувани во Собранието.

Нагласувајќи дека по напуштањето на коалиционата влада УБП-ХП од страна на Народната партија (ХП) на 6 октомври се доживува сериозна празнина без влада во земјата, Ерсан Санер истакна дека неговата партија УБП ќе направи се што и претстои за што поскоро формирање на нова влада и реализирање на чекорите коишто ги очекува народот.

Санер потсети дека се состанал со функционерите на Демократската партија (ДП) и Партијата за повторно раѓање (ЈДП), а воедно го рече следното: „Веднаш на почетокот ќе почнеме со разговори со Демократската партија (ДП) и Партијата за повторно раѓање (ЈДП). Доколку одовде Иншаллах (со Аллахова помош-поддршка) добиеме позитивни резултати ќе ги реализираме сите видови работи за формирање на модел влада којашто ќе биде најдобра за нашиот народ.“

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар на 7 ноември мандатот за формирање на нова Влада му го додели на вршителот на должноста претседател на Партијата за национално единство (УБП). 

Санер на крајот од разговорите коишто ги оствари со партиите кои се претставени во Собранието не можеше да постигне договор и на 21 ноември му го врати мандатот на претседателот Ерсина Татар.

 



Слични вести