Напад на полициска станица во Атина

По нападот, полицијата соопшти дека ги забранила сите демонстрации што беа планирани да се одржат денес во градот

1540382
Напад на полициска станица во Атина

 

Во нападот на полициската станица во Атина беа повредени пет полицајци.

Вчера врз полициската станица во населбата Колонос беше извршен напад со камења и стапови од страна на група од 70-80 лица со маскирани лица.

Во нападот, во кој беа повредени 5 полицајци, еден потешко демонстрантите отворија транспаренти и извикуваа слогани по повод годишнината на смртта на Алексис Григоропулос, кој во 2008 година почина од полициски куршум.

По нападот, полицијата соопшти дека ги забранила сите демонстрации што беа планирани да се одржат денес во градот.

Во соопштението беше наведено дека метро-станиците во центарот на градот ќе бидат затворени, а безбедносните сили ќе преземат засилени безбедносни мерки.

15 годишниот Григоропулос беше застрелан на 6 декември 2008 година од полицаец кој патролирал во областа Ексархија во Атина.

По повод смртта на Григоропулос кој умре од полициски куршум беа одржани протести кои траеја со денови, а многу јавни згради, банки и работни места беа запалени.

Полицискиот службеник Епаминондас Корконеас, кој беше причина за смртта на Григоропулос, во 2010 година беше осуден на казна доживотен затвор.



Слични вести