Грција одговори негативно на повикот на Турција за дијалог за намалување на затегнатоста

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас пред претстојниот Лидерски самит на Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи на 10-11 декември го посети Кипарско-грчкиот дел

1539867
Грција одговори негативно на повикот на Турција за дијалог за намалување на затегнатоста

Грција одговори негативно на повикот на Турција за дијалог за намалување на затегнатоста.

Според веста во кипарско-грчкиот печат, грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас пред претстојниот Лидерски сами на Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи на 10-11 декември, го посети Кипарско-грчкиот дел.

Овде грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас најпрвин се состана со кипарско-грчкиот лидер Никос Анастасиадис, а потоа и со кипарско-грчкиот министер за надворешни работи Никос Христодулидис.

Дендиас во дадената изјава по средбата истакна дека Грција и Кипарско-грчкиот дел ги повикуваат земјите членки на Европската унија (ЕУ) да преземат одговорност во врска со повикот на Турција за дијалог.

Инаку, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на Форумот за дијалог „МЕД-Медитеран“, истакна дека  Европската унија (ЕУ) најмалку на две од своите членки им дозволува да го злоупотребуваат системот на целата Унија и дека е дојдена во положба на соучесник во ова кривично дело.

Чавушоглу ги употреби следните зборови: „Нашиот избор е јасен. Вратата на Турција е отворена за дијалог до крај. Постои пат за излез. Конференцијата за Источниот Медитеран е прилика за формирање на погодна средина за соработка и ова е наш предлог.“

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој пак, на едно поставено прашање до Министерството на 1 декември „Грција  не приоѓаше кон дијалог изнесувајќи го како изговор бродот за сеизмички истражувања Оруч Реис. Оруч Реис ги заврши своите работи, во оваа состојба дали предвидувате одредена промена во ставот на Турција?“, одговори со зборовите „Турција од почетокот е на страната на дијалог со Грција, без предуслови.“

 



Слични вести