Српските војници одговорни за злосторствата во Фоча, казнети со казна затвор

Поранешните српски војници Радован Паприца и Славко Огњеновиќ учествувале во систематските напади врз Бошњаците цивили во градот Фоча во 1992 година

1539137
Српските војници одговорни за злосторствата во Фоча, казнети со казна затвор

 

Поранешните српски војници Радован Паприца и Славко Огњеновиќ беа осудени на 8 години затвор за воените злосторства во 1992 година во Фоча во Босна и Херцеговина.

Судот во Босна и Херцеговина пресуди дека Паприца и Огњеновиќ, кои за време на војната 1992-1995 година, служеле во српската армија, против бошњачките цивили во Фоча извршиле „злосторства против човештвото“.

Во писмената соопштение кое беше објавено од страна на судот, беше подвлечено дека Паприца и Огњеновиќ учествувале во систематските напади врз Бошњаците цивили во градот Фоча во 1992 година и извршиле закани и злосторства за сексуална злоупотреба.

Во меѓувреме, за време на војната во Босна и Херцеговина, скоро 3 илјади бошњачки цивили беа убиени во Фоча и близина, кои беа изложени на интензивни напади од страна на српските војници, полицијата и паравоените групи а нивните домови беа запалени. Додека мажите Бошњаци беа однесени во логори, жените биле силувани.

Меѓудругот, голем број исламски дела во регионот, особено џамијата Алаџа, беа уништени од страна на Србите.



Слични вести