Црна Гора го прогласи амбасадорот на Србија за непожелна личност

Како што се истакнува српскиот амбасадор Божовиќ е прогласен за непожелна личност (персона нон грата) во Црна Гора поради неговите изјави во врска со внатрешните прашања на земјата

1536307
Црна Гора го прогласи амбасадорот на Србија за непожелна личност

Црна Гора го прогласи амбасадорот на Србија во Подгорица Владимир Божовиќ за непожелна личност.

Како што се истакнува српскиот амбасадор Божовиќ е прогласен за непожелна личност (персона нон грата) во Црна Гора поради неговите изјави во врска со внатрешните прашања на земјата.

Црна Гора му врачи протестна нота на Министерството за надворешни работи на Србија.

Во објавеното соопштение во врска со прашањето се истакнува следното: „Начинот на постапување и изјавите на Божовиќ не му доликуваат на еден дипломат. Тој беше низа пати предупреден усмено и писмено по ова прашање.“



Слични вести