ТРСК остро реагираше на изјавите на ЕУ и ОН во врска со Кипарското прашање и затворениот Мараш

Оваа несреќна изјава на Борел со мотив на „солидарност меѓу членките“ уште еднаш докажува дека ЕУ не може да игра никаква конструктивна улога во изнаоѓањето решение

1529658
ТРСК остро реагираше на изјавите на ЕУ и ОН во врска со Кипарското прашање и затворениот Мараш

 

Претседателството на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) остро реагираше на изјавите и соопштенијата објавени од страна на Европската унија (ЕУ) и Обединетите нации (ОН) во врска со Кипарското прашање и Затворениот Мараш (Вароша).

Во писменото соопштение на Претседателството беше наведено дека изјавата на Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност од 15 ноември 2020 година, уште еднаш покажува колку се далеку од реалностите на Кипар и колку се пристрасни кон двата еднакви народи и држави во Кипарското прашање.

Во соопштението беше наведено дека „оваа несреќна изјава на Борел со мотив на „солидарност меѓу членките“ уште еднаш докажува дека ЕУ не може да игра никаква конструктивна улога во изнаоѓањето решение“.

Во соопштението на Претседателството беше потсетено дека „портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дујариќ во своите говори посветени на Кипарското прашање и Мараш/Вароша ги повтори добро познатите ставови на ОН и упати повик за „избегнување на еднострани движења““.

Во соопштението беше истакнато: „Како што е предвидено во соодветните резолуции, отворањето на Марашсо враќање на имотите на нивните легални сопственици е потег кој беше преземен во согласност со резолуциите на ОН и којшто треба да се оцени позитивно во правна и хуманитарна смисла, бидејќи предметниот процес на пренос е законска одлука на Европскиот суд за човекови права и имотите се предвидува да се вратат преку Комисијата за недвижен имот во ТРСК, која ја прифаќа како домашен правен лек.“

Во соопштението исто така се нагласува дека „ако се бара еднострано и штетно однесување на дијалогот во Кипар, треба да се разгледаат изолацијата и ограничувањата наметнати од грчко-кипарската и грчката страна на кипарските граѓани; ЕУ и ОН случувањата на Кипар треба да ги разгледаат од вистинска перспектива, да се однесуваат објективно и на тој начин да бидат праведни. Очекуваме конструктивен придонес кон создавање на потребната клима за реално и одржливо помирување.“



Слични вести