Во Северна Македонија регистриран рекорден број на починати лица од Ковид-19 во едно деноноќие

Вкупната бројка на смртните случаи во земјата предизвикани од Ковид-19 изнесува 1.345.

1529277
Во Северна Македонија регистриран рекорден број на починати лица од Ковид-19 во едно деноноќие

 

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 40 смртни случаи предизвикани од последиците на коронавирусот (Ковид-19), што е рекордна бројка на смртни случаи од овој вирус во едно деноноќие.

Со ова, вкупната бројка на смртните случаи во земјата предизвикани од Ковид-19 изнесува 1.345.

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 591 нов случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи на Ковид-19 во земјата се искачи на 47.636.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени изнесува 27.803.

Бројката на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 18.488.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.683 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 293.872 тестирања.



Слични вести