Локални избори во Босна и Херцеговина: Граѓаните ги избираат новите локални власти

На локалните избори коишто се одржуваат во сите градови на територијата на државата Босна и Херцеговина со исклучок на Мостар, имаат право на глас 3 милиони 283 илјади 380 бирачи регистрирани во изборниот список

1527950
Локални избори во Босна и Херцеговина: Граѓаните ги избираат новите локални власти

Денеска граѓаните на Босна и Херцеговина ќе гласаат на седмите локални избори од Дејтонскиот мировен договор за избор на новите градски и општински власти, коишто се одржуваат под сенката на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Гласачките места се отворени во 07:00 часот и гласачите ќе можат да гласаат до 19:00 часот по локално време.

На локалните избори коишто се одржуваат во сите градови на територијата на државата Босна и Херцеговина со исклучок на Мостар, имаат право на глас 3 милиони 283 илјади 380 бирачи запишани во во Централниот избирачки список.

Од нив 3 милиони 141 илјада 257 бирачи се однесуваат на бројот на гласачи што гласаат на редовните гласачки места во Босна и Херцеговина, 102 илјади 377 гласачи се пријавени да гласаат по пат на пошта, 14 илјади 059 имаат статус на раселени лица кои гласаат, 7 илјади 925 гласачи имаат статус на раселени лица кои гласаат во отсуство и 704 кои гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва на Босна и Херцеговина.

Освен тоа 17 илјади 058 гласачи се запишани да гласаат по пат на мобилен тим (тоа се редовни мобилни тимови, не посебните тимови за Ковид-19, за што Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ ќе има извештај по изборите).

Изборите во Моста, кадешто 12 години како не можат да се одржат локални избори, ќе бидат одржани на 20 декември 2020 година.

Во Босна и Херцеговина за денешните локални избори се гласа во вкупно 5.759 гласачки места, како и со помош на 388 мобилни тимови.

Гласачите во државата Босна и Херцеговина составена од двата ентитета, Федерацијата Босна и Херцеговина и Република Српска, како и Дистриктот Брчко, ги бираат новите 22 градоначалници и 120 претседатели на општини со мандат во наредните четири години.

На изборите ќе бидат избрани и членовите на општинските и градските совети и тоа советници во 14 градски совети во Федерацијата Босна и Херцеговина и одборници во седум собранија на градови во Република Српска, како и советници во 64 општински совети во Федерацијата Босна и Херцеговина и одборници во 56 општински совети во Република Српска, како и пратеници во Собранието на дистриктот Брчко на БиХ.

Загарантирани места за припадниците на националните малцинства предвидени се во 21 општина за 23 кандидати.

Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), на денешните локални избори во Босна и Херцеговина учествуваат 543 полиитчки субјекти од кои 129 политички партии, 262 независни кандидати, 72 коалиции, 9 независни кандидатски листи и 71 кандидат за претставници на националните малцинства.

Прв пат на локалните избори во БиХ, градоначалникот на Градот Источно Сараево се избира непосредно, во согласност со измените на Изборниот закон на Република Српска.

На изборите се натпреваруваат вкупно 30.809 кандидати од кои 425 за градоначалници (претседатели на општини), 30.188 кандидати за општински совети или градски совети и Собранието на дистриктот Брчко на БиХ, како и 196 кандидати претставници на националните малцинства.

Првите неофицијални резултати се очекува да бидат соопштени кон полноќ.



Слични вести