Утре се одржуваат локални избори во Босна и Херцеговина

На утрешните локални избори коишто ќе се одржат во сите градови на територијата на државата Босна и Херцеговина со исклучок на Мостар, имаат право на глас 3 милиони 283 илјади 380 бирачи регистрирани во изборниот список

1527785
Утре се одржуваат локални избори во Босна и Херцеговина

Утре граѓаните на Босна и Херцеговина ќе гласаат за новите градски и општински власти.

На утрешните локални избори коишто ќе се одржат во сите градови на територијата на државата Босна и Херцеговина со исклучок на Мостар, имаат право на глас 3 милиони 283 илјади 380 бирачи регистрирани во изборниот список.

Изборите во Мостар пак, кадешто 12 години како не можат да се одржат локални избори, ќе бидат одржани на 20 декември 2020 година.

Гласачите во државата Босна и Херцеговина составена од двата ентитета, Федерацијата Босна и Херцеговина и Република Српска и Дистриктот Брчко, ќе ги изберат новите 22 градоначалници и 120 претседатели на општини со мандат во наредните четири години.

На изборите ќе бидат избрани и членовите на општински и градски совети.

Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), на утрешните локални избори во Босна и Херцеговина учествуваат 129 политички партии, 262 независни кандидати, 72 коалиции, 9 независни кандидатски листи и 71 кандидати претставници на малцинствата.

На изборите се натпреваруваат 30.809 кандидати од кои 425 за претседатели на општини.

 



Слични вести