Претседателот на Турската Република Северен Кипар Татар разговараше со британскиот министер за надворешни Рааб

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб го побара по телефон претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар на кого му честита за извојуваната победа на изборите

1527379
Претседателот на Турската Република Северен Кипар Татар разговараше со британскиот министер за надворешни Рааб

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Велика Британија Доминик Рааб.

Според објавеното соопштение од претседателството на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб го побара по телефон претседателот Ерсин Татар и му честиташе за извојуваната победа на изборите.

Претседателот Татар во телефонскиот разговор истакна дека завршија разговорите за федерација на Кипар коишто траат долги години и беа неуспешни, а воедно нагласи дека треба да се отвори нова страница надвор од калапите за изнаоѓање решение.

Освен тоа, Татар укажа на тоа дека треба да се укинат застарените и неправедните изолации коишто се применуваат кон кипарските Турци и дека особено ограничувањата коишто се применуваат во директните летови и спортските сфери се во спротивност со основните човекови права и слободи.

Во врска со отворањето на забранетата област Мараш, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар рече дека тоа е во согласност со резолуциите на Обединетите нации (ОН) и меѓународното право и дека се предвидува недвижнините да им бидат вратени на нивните сопственици.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб пак, истакна дека Велика Британија е спремна да помогне во процесот на Обединетите нации (ОН) на Кипар.



Слични вести