Хашим Тачи на 9 ноември, во понеделник, ќе се појави пред судот во Хаг

Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи кој по поднесената оставка од должноста беше однесен во Хаг и притворен, на 9 ноември во понеделник за прв пат ќе се појави пред судот

1523375
Хашим Тачи на 9 ноември, во понеделник, ќе се појави пред судот во Хаг

Специјализираните совети на Косово во Хаг соопштија дека поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи кој по поднесената оставка од должноста беше однесен во Хаг и притворен, на 9 ноември во понеделник за прв пат ќе се појави пред судот.

Хашим Тачи се наоѓа во притворниот центар на Јавното обвинителство во Хаг како еден од четворицата обвинети во судскиот процес во кој се наоѓаат и уште тројца други високи функционери, поранешниот претседател на Парламентот Кадри Весели, Реџеп Селими еден од поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК или УЧК) и Јакуп Красниќи поранешен претседател на Парламентот на Косово и поранешен портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК или УЧК).

Инаку, откако обвинението за воени злосторства подготвено од страна на Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг беше прифатено од страна на судот, косовскиот претседател Хашим Тачи завчера соопшти дека поднесува оставка од претседателската должност, а потоа беше притворен.

Јакуп Красниќи беше притворен на 4 ноември во реализирана операција во соработка на Специјализираните совети на Косово во Хаг, Мисијата на Европската унија (ЕУ) на Косово (ЕУЛЕКС и Косовската полиција.

Од друга страна, Специјализираните совети на Косово во Хаг соопштија дека е подготвено обвинение и во врска со Реџеп Селими,  еден од поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК или УЧК).

Специјалното јавно обвинителство во Хаг на 24 јуни подготви обвинение против Хашим Тачи и Кадри Весели во кое се теретат за извршување „злосторство против човештвото“ и „воено злосторство“ за време на војната во Косово (1998-1999 година) и ова обвинение го достави до судот со специјални надлежности.

Во обвинението се наведува дека лицата за кои станува збор се одговорни за смртта на 100 лица и дека осомничените се теретат и за воени злосторства како вршење убиство, прогонство и измечување.

 



Слични вести