Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи ставени во притвор во судот во Хаг

Специјализираните совети на Косово во Хаг соопштија дека Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се ставени во притвор во судот во Хаг

1522776
Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи ставени во притвор во судот во Хаг

Од страна на Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг е соопштено дека претседателот на Косово Хашим Тачи кој вчера поднесе оставка, по оваа негова оставка е однесен во Хаг и е притворен.

Во објавеното соопштение од Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг се истакнува дека претседателот во оставка Хашим Таши, поранешниот претседател на Парламентот Кадри Весели, како и Реџеп Селими еден од поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (УЧК) и Јакуп Красниќи поранешен претседател на Парламентот на Косово и поранешен портпарол на УЧК се ставени во притвор.

Инаку, откако откако обвинението за воени злосторства подготвено од страна на Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг беше прифатено од страна на судот, косовскиот претседател Хашим Тачи вчера соопшти дека поднесува  оставка од претседателската должност.

Специјалното јавно обвинителство во Хаг на 24 јуни подготви обвинение против Хашим Тачи и Кадри Весели во кое се теретат за извршување „злосторство против човештвото“ и „воено злосторство“ за време на војната во Косово (1998-1999 година) и ова обвинение го достави до судот со специјални надлежности.

Во обвинението се наведува дека лицата за кои станува збор се одговорни за смртта на 100 лица и дека осомничените се теретат и за воени злосторства како вршење убиство, прогонство и измечување.



Слични вести