Бујар Османи на неформалниот состанок на Процесот за соработка на Југоисточна Европа во Анталија

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи истакна дека регионалните иницијативи се круцијални за зајакнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, и дека ПСЈИЕ е клучен фактор во овој процес

1523232
Бујар Османи на неформалниот состанок на Процесот за соработка на Југоисточна Европа во Анталија

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Анталија.

Османи на овој состанок учествува на покана на претседавачот со ПСЈИЕ, министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу.

Во врска со овој состанок, министерот Османи на својот профил на социјалната мрежа Твитер нагласи дека регионалните иницијативи се круцијални за зајакнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, и дека ПСЈИЕ е клучен фактор во овој процес.

„Регионалните иницијативи се круцијални за зајакнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, истакна Османи.

Според него, денешниот министерски состанок кој се одржува во турскиот град Анталија активно ќе ја зајакнува регионалната соработка во ова круцијално време.

Најавено е дека Османи, во рамките на министерскиот состанок ќе има одвоена билатерална средба со Чавушоглу, и со со својот колега од Србија Никола Селаковиќ.

Освен Чавушоглу, на овој состанок учествуваат министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Албанија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, како и на Молдавија. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести