Рама го посети подрачјето Лач каде што ќе се изградат објекти од страна на Турција

Премиерот Рама доби брифинг за напредокот на работата

1522057
Рама го посети подрачјето Лач каде што ќе се изградат објекти од страна на Турција

 

Албанскиот премиер Еди Рама ја посети областа Леч кај Курбин каде што по минатогодишниот земјотрес ќе се изградат станбени објекти од страна на Турција.

Премиерот Рама од министерот за реконструкција Арбен Ахметај, градоначалничката на Курбин, Мајлинда Цара, претставникот на компанијата Албајрак и директор на проектот Сервет Биргирен доби брифинг за напредокот на работата.

Рама, кој на своите профили на социјалните мрежи сподели видео за посетата, рече дека регионот, кој ќе се прероди на многу поубав и силен начин по земјотресот на 26 ноември 2019 година којшто стотици семејства остави без покрив над главата, наскоро не само што ќе има најдобри згради и станови, туку и населба која со децении беше уништена и заборавена. Оваа населба од сите аспекти ќе се претвори во уникатна населба“.

Претставникот на компанијата „Албајрак“ и директор на проектот Биргорен рече дека проектот од 160 станови планираат да го завршат во март.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган веднаш по земјотресот на 26 ноември издаде инструкција за изградба на 500 куќи за жртвите од земјотресот во Албанија.

Во наведениот земјотрес загинаа 51 лице, додека над 900 лица беа повредени.

Од земјотресот беа погодени 202.291 лице, додека  над 17 илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.



Слични вести