Татар по телефон го побара Ердоган и му изрази жалење за земјтресот што го погоди Измир

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев исто така по телефон го побара претседателот Реџеп Тајип Ердоган и ја изрази спремноста за помош

1519013
Татар по телефон го побара Ердоган и му изрази жалење за земјтресот што го погоди Измир

 

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар по телефон го побара претседателот Реџеп Тајип Ердоган и му изрази желба што побрзо да  поминат последиците на земјотресот што го погоди Измир.

Татар истакна дека Кипарските Турци како и обично, секогаш се на страната на своите браќа во Анадолија.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев исто така по телефон го побара претседателот Реџеп Тајип Ердоган и ја изрази спремноста за помош по повод земјотресот што се случи Сеферихисар кај Измир.

Алијев на Ердоган му го пренесе жалењето поради земјотресот и посака што побрзо да помине.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис исто така по телефон му се јави на претседателот Ердоган по повод земјотресот којшто освен Измир погоди и некои грчки острови кој беше причина за смртта на 2 лица.

Претседателот Ердоган и Мицотакис меѓусебно изразија сочувство за загинатите во земјотресот и изразија желби што поскоро да поминат последиците.

Претседателот Ердоган на разговорот ја изрази спремноста на Турција за помош на Грција доколку има потреба.

Азербејџанскиот премиер Али Еседов, веднаш по земјотресот во Измир по телефон го побара потпретседателот Фуат Октај и му ја пренесе пораката дека „Ние сме подготвени за секаква помош“.

Францускиот министер за внатрешни работи Гералд Дарманин по повод земјотресот што се селучи во Егејското море и Грчките острови објави порака со поддршка на Турција и Грција.

Дарманин во објавата преку својот профил на Твитер истакна:

„Франција е на страната на турскиот и грчкиот народ што поскоро да го надмине овој стравотен тест. Доколку владите на овие земји достават барање, веднаш ќе биде доставена француска помош во регионот“.

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Шарл Мишел, во објавата на својот профил на социјалните мрежи истакна:

„Активно и внимателно ги следиме случувањата во врска со силниот земјотрес што го погоди  крајбрежјето на Егејското Море во Грција и Турција“.

Изјавувајќи дека неговото срце е со погодените од земјотресот, Мишел рече:

„ЕУ е подготвена да обезбеди помош“.

Според првите сознанија, во земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала што се случи крај брегот на областа Сеферихисар во Измир загинаа 12 лица.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека дека во земјотресот загинаа 12, а 202 биле повредени.

Гувернерот на Измир, Јавуз Селим Кишгер, рече дека досега под урнатините се спасени приближно 70 лица.



Слични вести