Татар: „Нашата цел е подобра иднина за сите“

Благодарност до сите оние кои што гласаа и не гласаа

1511416
Татар: „Нашата цел е подобра иднина за сите“

 

Новиот претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, по објавувањето на неофицијалните резултати од изборите, одржа говор пред седиштето на окружниот центар на Партијата за национално единство (УБП) во Лефкоша (Никозија).

Татар својот говор го започна изразувајќи благодарност до граѓаните и рече дека како резултат на волјата на кипарските Турци која се одрази на гласачите кутии, бил избран за претседател.

„Благодарност до сите оние кои што гласаа и не гласаа. За нас не е важно да се поларизираме, туку во единство, солидарност и целина да работиме за да ја пренесеме ТРСК кон подобра иднина и да им понудиме безбедна иднина на нашите деца и млади на оваа земја“.

Во врска со борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), новоизбраниот претседател Татар рече дека како последица на тешкотите во јавните финансии, им изразувам благодарност за поддршката на претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и потпретседателот Фуат Октај.

„Од тука сакам да му се обратам на целиот свет; Кипарските Турци постојат, ќе продолжат да постојат и да го извикуваат својот суверенитет пред целиот свет.

Без оглед на моделот за решение на Северот на Кипар, ние постоиме и ќе продолжиме да бидеме таму. Никогаш не ќе можат да ги прекинат врските и односите меѓу ТРСК и Турција. Кипарските Турци ќе продолжат засекогаш да бидат на овие територии под покривот на својата држава, како од културен, така и од економски и политички аспект. Важно е да можеме да ги разбереме сите случувања во рамките на свеста за нашата одговорност и да не паднеме во овие стапици. Никогаш нема да дозволиме Кипарско турскиот народ да го ослабне својот суверенитет за да ја круниса својата борба на овие територии, впуштајќи се во авантура за решение, за да се релаксира економски и да отидеме во насока што никогаш нема да ја сакаме“.

Татар исто така испрати порака до администрацијата на Кипарските Грци, велејќи: „Да, постигнавме договор во Кипар, но условите на овој договор ќе бидат прифатени по своја волја од страна на Кипарско турскиот народ “.



Слични вести