Честитки од лидерот на Кипарските Грци Анастасијадис до Татар

Му честитам на г-дин Ерсин Татар за изборот и со нетрпение и што е можно побргу очекувам да се сретнеме и запознаеме

1511797
Честитки од лидерот на Кипарските Грци Анастасијадис до Татар

 

Лидерот на  Кипарските Грци, Никос Анастасијадис му честиташе на новиот претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар.

Никос Анастасијадис на својот профил на Твитер сподели објава на турски јазик во која истакна: „Одлуката за избор на г-дин Ерсин Татар за нов лидер (претседател) на на Кипарските Турци е за целосно почитување. Му честитам на г-дин Ерсин Татар за изборот и со нетрпение и што е можно побргу очекувам да се сретнеме и запознаеме“.

Во објавата на грчкиот лидер беше истакнато:

„Подготвен и решен сум веднаш да одговорам на намерата на генералниот секретар на ОН за преземање нов изницијатива за решавање на кипарскиот проблем врз основа на резолуциите на ОН, резолуциите на Советот за безбедност и принципите и вредностите на ЕУ, чии членки сме и ќе продолжиме да бидеме. Сакам да изразам надеж дека и г-дин Татар ќе ја покаже истата волја“.

Во вториот круг од претседателските избори што се одржаа вчера во ТРСК, со 51,69 отсто од гласовите за претседател беше избран Ерсин Татар, кандидатот на Партијата за национално единство (УБП).



Слични вести