Втор круг од претседателските избори во Турската Република Северен Кипар

Во вториот круг од претседателските избори се натпреваруваат кандидатот на Партијата за национално единство (УБП) и актуелен премиер Ерсин Татар и независниот кандидат и актуелниот претседател Мустафа Акинџи

1511109
Втор круг од претседателските избори во Турската Република Северен Кипар

Граѓаните на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори.

Кипарско-турските гласачи за избор на новиот претседател со мандат од 5 години почнаа да гласаат утрово од 08:00 часот по локално време.

Во вториот круг од претседателските избори се натпреваруваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови, кандидатот на Партијата за национално единство (УБП) и актуелен премиер Ерсин Татар и независниот кандидат и актуелниот претседател Мустафа Акинџи.

На одржаниот прв круг на 11 октомври Ерсин Татар доби 32,34 отсто, а Мустафа Акинџи 29,80 отсто од гласовите на бирачите.

Во првиот круг од претседателските избори ниту еден од кандидатите не успеа да освои над 50 отсто од гласовите така да изборите останаа за втор круг.

Чинот на гласање започна утрово во 08:00 часот и ќе траат до 18:00 часот по локално време.

На изборите имаат право на глас вкупно 199.029 гласачи кои гласаат во 738 гласачки кутии.

По завршување на чинот на гласање и затворањето на гласачките места ќе се премине на пребројување на гласовите.

Резултатот од вториот круг од претседателските избори се очекува да се соопшти од страна на Високиот изборен совет (ЈСК) вечерва најдоцна до 20:00 часот по локално време.



Слични вести