Поранешен командант на ВРС осуден на 9 години затвор поради учество во геноцидот во Сребреница

Судот на Босна и Херцеговина пресуди дека Среќко Аќимовиќ помагал и учествувал во притворањето и убиствата на повеќе од 800 Бошњаци од Сребреница, во јули 1995 година и дека поради извршено кривично дело „геноцид“ е осуден на 9 години затвор

1510618
Поранешен командант на ВРС осуден на 9 години затвор поради учество во геноцидот во Сребреница

Поранешниот командант на вториот баталјон на зворничката бригада на Војската на Република Српска (ВРС) Среќко Аќимовиќ е прогласен за виновен поради геноцидот во Сребреница во 1995 година и е осуден на 9 години затвор.

Судот на Босна и Херцеговина пресуди дека Аќимовиќ помагал и учествувал во притворањето и убиствата на повеќе од 800 Бошњаци од Сребреница, во јули 1995 година.

Во објавеното соопштение од Судот се истакнува дека Среќко Аќимовиќ е одговорен за нападите коишто беа започнати и резултираа со геноцид врз Боњачките цивили од страна на Војската на Република Српска (ВРС) во областа почнувајќи од 6 јули 1995 година, поради што е осуден на 9 години затвор поради извршено кривично дело „геноцид“.



Слични вести