Изборот за претседател на Турската Република Северен Кипар остана за вториот круг: Трката ќе се води помеѓу Татар и Акинџи

На вечрашните одржани претседателски избори во Турската Република Северен Кипар ајголем број гласови со 32.35 отсто освои актуелниот премиер Ерсин Татар, а веднаш по него следува актуелниот претседател Мустафа Акинџи кој освои 29,84 отсто гласови

1507034
Изборот за претседател на Турската Република Северен Кипар остана за вториот круг: Трката ќе се води помеѓу Татар и Акинџи

На вчерашните претседателски избори во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ниту еден од кандидатите не успеа да освои над 50 отсто од гласовите така што изборот на новиот претседател остана за вториот круг што ќе се одржи на 18 октомври.

Според податоците на Високиот изборен совет (ЈСК), по завршување на чинот на гласање вчера во 18:00 часот по локално време беа отворени гласачките кутии и беа изброени сите гласачки ливчиња.

Според тоа, ниту еден од кандидатите не успеа да освои над 50 отсто од гласовите.

Најголем број гласови со 32.35 отсто освои актуелниот премиер Ерсин Татар, а веднаш по него следува актуелниот претседател Мустафа Акинџи кој освои 29,84 отсто гласови.

На тој начин, во вториот круг што ќе се одржи на 18 октомври ќе се натпреваруваат Ерсин Татар и Мустафа Акинџи.

Во првиот круг од претседателските избори се натпреваруваа 11 кандидати од кои 7 независни, така што овие избори преминаа во историјата како избори на кои учествуваа најголем број кандидати досега во историјата на земјата.

Во избирачкиот список  во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се регистрирани со право на глас 198.867 гласачи, додека процентот на излезеност вчера во првиот круг од претседателските избори изнесуваше 54,72 отсто.

Кипарскиот турски народ вчера од 1974 година наваму по 10-ти пат гласаше за избор на свој претседател.

Во меѓувреме, заедно со првиот круг од претседателските избори, вчера во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се одржаа избори и за измена во Уставот така што на прашањето „Дали да се зголеми бројот на судии во Врховниот суд?“ 50,19 отсто од граѓаните гласаа „против“.



Слични вести