Претседателски избори во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

На изборите за нов претседател гласаат 198.867 гласачи, а се натпреваруваат вкупно 11 кандидати, од кои 7 независни

1506692
Претседателски избори во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Граѓаните на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) денеска гласаат за нов претседател.

Претсдстелските избори во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) требаше да се одржат на 2 април, меѓутоа поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) беа одложени и се одржуваат денеска.

На изборите гласаат 198.867 кипарски турски гласачи во 738 гласачки кутии, а за нов претседател се натпреваруваат 11 кандидати, од кои 7 независни.

Актуелниот претседател Мустафа Акинџи, Кудрет Озерсај и Сердар Денкташ на изборите учествуваат како независни кандидати.

Кандидат на Партијата за национално единство пак, е актуелниот премиер Ерсин Татар.

Од Републиканската турска партија кандидат за претседател е Туфан Ерхурман, од Партијата Наново раѓање Ерхан Арикли, а од Националната демократската партија Фуат Чинер.

За избор за претседател се потребни најмалку 50 отсто од гласовите на бирачите. 

Доколку ниту еден од кандидатите не освои најмалку 50 отсто од глсовите пак, на 18 октомври ќе се оди на втор круг. 

Во вториот круг ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови.



Слични вести