Реакција од Турската Република Северен Кипар против Советот за безбедност на ОН во врска со Мараш

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар покажа реакција против претседателството на  Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН)

1506586
Реакција од Турската Република Северен Кипар против Советот за безбедност на ОН во врска со Мараш

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со објавеното соопштение од претседателството на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) за отворањето на еден дел од затворената област Мараш (на 8 октомври).

Татар во оваа своја објава покажа реакција против претседателството на  Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН).

Потсетувајќи дека последната одлука на Владата во затворената област Мараш која е дел од Турската Република Северен Кипар (ТРСК) беше поставена на разгледување на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и дека во овие рамки е објавено соопштение на претседателството, Ерсин Татар го рече следното: „Како премиер на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ова соопштение на претседателот на Советот коешто не е одлука на Советот, го оценувам како соопштение донесено под влијание на кипарско-грчката страна без да се земат во предвид новата конјуктура во Источниот Медитеран и вистините на островот.“

Татар истакна дека покрај политичката и економската димензија, ова отворање е со најприоритетно прашање со неговата хуманитарна димензија.

Подвлекувајќи дека во обемните преговори коишто траат со години кипарско-турската страна никогаш не излезе надвор од параметрите на Обединетите нации (ОН), Ерсин Татар нагласи дека поради тоа што Кипарско-грчката страна не го прифати обемното решение во сите предлози коишто се доставени под покровителство на Обединетите нации (ОН) областа Мараш остана затворена. 

„Јас како премиер на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), чекајќи дека 'еден ден Кипарско-грчката управа ќе постигне решение со мене', да презентира волја во оваа насока, не можев да дозволам областа Мараш повеќе да остане затворена. Ова не е прифатлива состојба како за моите граѓани, така и за законските стопани сопственици на имот од пред 1974 година кои со години чекаат да се вратат на своите имоти. Со други зборови кажано продолжувањето на статус квото нема да помогне во решавањето на Кипарското прашање.“ - констатира Татар.

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар го додаде следното: „Она што се очекува од Обединетите нации (ОН) е случувањата на островот да ги разгледаат на непристрасен и правичен (фер) начин на основа на постоечките вистини и на тој начин да обезбедат придонес во решавањето на Кипарскиот проблем. На светот не постои ниту едно парче територија коешто се држи затворено приближно половина век поради тоа што ќе се изнајде решение. Ова отворање не само за кипарските Турци, ќе биде во полза на кипарските Грци, а со други зборови кажано и на целиот остров. Се надевам дека ова отворање ќе му придаде една нова димензија на Кипарското прашање и ќе стане причина кипарскиот турски народ да го заземе местото коешто го заслужува на меѓународен план.“

 



Слични вести