Мицотакис: Се надеваам дека наскоро ќе започнат разговорите за зближување со Турција

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју за францускиот весник „Ле Фигаро“ истакна дека наскоро ќе започнат експлораторските (истражувачки) разговори за зближување со Турција и дека тоа претставува „охрабрувачки чекор“

1506213
Мицотакис: Се надеваам дека наскоро ќе започнат разговорите за зближување со Турција

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју за францускиот весник „Ле Фигаро“ направи проценка на случувањата во Источниот Медитеран.

Мицотакис истакна дека се надеваам оти наскоро ќе започнат експлораторските (истражувачки) разговори за зближување со Турција и дека тоа претставува „охрабрувачки чекор“.

Тој наведе дека на разговорите ќе бидат утврдени континенталниот гребен и ексклузивната економска зона.

Нагласувајќи дека би можело да има разговори и на ниво на министри за надворешни работи, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече: „Во моментов нема одредено планирање, меѓутоа би можело да има средба и помеѓу мене и претседателот (Реџеп Тајјип) Ердоган. Не изоставувам од вид ниту една веројатност.“



Слични вести