По 46 години еден дел од областа Мараш во Турската Република Северен Кипар е отворен за народот

По приближно половина век (46 години) затворената област Мараш денеска е отворена за граѓаните на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кои влегоа во оваа затворена, напуштена и забранета област за влегување

1505471
По 46 години еден дел од областа Мараш во Турската Република Северен Кипар е отворен за народот

Еден дел од затворената област Мараш во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), денеска по изминатите 46 години е повторно отворен за народот.

По завршените работи во врска со инвентарот коишто беа започнати во 2019 година, по приближно половина век затворената област Мараш денеска е отворена за граѓаните на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кои влегоа во оваа затворена, напуштена и забранета област за влегување.

Во Мараш, кој инаку е туристичка област во севернокипарскиот град Газемагуса, од 1974 година е забранет влезот во Мараш за цивилите, а дозволен е влез само на севернокипарската војска. Денес во 12 часот по локално време за граѓаните повторно е отворен дел од јавната плажа и улицата „Демократија“.

Во областа којашто 46 години како е затворена, во првата етапа беа реализирани интензивни работи за чистење за отворање на само две улици и на крајбрежниот појас (плажата). 

Областа Мараш во градот Газимагуса со усвоената резолуција на Обединетите нации (ОН) во 1974 година е прогласена за тампон зона помеѓу Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и кипарско-грчкиот дел, по што беше затворена и забранета зона за влегување.

Областа со големиот број изградени хотели и со местото на населување се дефинираше како туристички рај, потоа дојде во положба на град на духови.

До денеска, беше дозволено да се влегува во затворената област Мараш само со добивање на специјална дозвола.

Работите во врска со повторното отворање на областа Мараш во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), добија долема поддршка и од страна на Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа завчера истакна дека чувствуваат задоволство од тоа што како прв фрлен чекор кипарско-турскиот народ ќе може да влезе во затворената област и да го користи крајбрежниот појас на Мараш.

Претседателот Ердоган рече: „Поради тоа што во отворената област за употреба не постои никаков приватен имот нема да дојде до било каква оштета и затоа приговорите на спротивната страна отсега западнаа во вода. Посакуваме работите коишто се водат покажувајќи се почит кон правото на сопственост, да бидат завршени во најскоро време и Мараш целосно да биде отоврен за употреба. Спремни сме да им ја дедеме секој вид поддршка на властите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) по ова прашање.“

Потпретседателот Фуат Октај пак, во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, по донесената одлука за отворање на затворената област Мараш, го напиша следното: „Ја отвораме во согласност со правичноста и правото, убавата област Мараш која со тоашто долго време остана напуштена предизвикуваше болка во нашите срца.“



Слични вести