Србија планира да купи дронови од Турција

Вучиќ: „Овие беспилотни летала се многу добри. Морам да ги пофалам турските производители“

1503621
Србија планира да купи дронови од Турција

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека аблиску се интересираат за откуп на беспилотни летала (дронови) од Турција, потенцирајќи дека турските беспилотни летала се исклучително добри.

Вучиќ, во говорот во Палатата на Србија во Белград, упати пофалби на сметка на беспилотните летала „Бајрактар“.

Истакнувајќи дека сметаат дека беспилотните системи се многу интересни и сакаат да купат во иднина, Вучиќ рече:

„Овие беспилотни летала се многу добри. Морам да ги пофалам турските производители“.

Наведувајќи дека Србија отсекогаш сака да ја зајакне својата безбедност, Вучиќ рече:

„Ние никому не му се закануваме, никого не напаѓаме. Но, секогаш мора да бидеме подготвени да избегнеме какво било изненадување. Во овој контекст, ги преземаме потребните чекори.“

Нагласувајќи дека во воена смисла, Србија навистина е неутрална земја, Вучиќ изјави дека тие сакаат самите да го бранат и заштитат својот воздушен простор и териториите.

Вучиќ додаде дека беспилотните системи се скапи, но дека се многу паметни инвестиции.



Слични вести