Нова провокација од Грција со објавување „NAVTEX“ за обука со стрелање во Источниот Медитеран

Во објавеното соопштение од страна на „NAVTEX“ станицата во Анталија се истакнува дека од страна на една ненадлежна станица на Грција е објавена поморска предупредувачка белешка

1502110
Нова провокација од Грција со објавување „NAVTEX“ за обука со стрелање во Источниот Медитеран

Нова провокација од Грција со објавување на NAVTEX во Источниот Медитеран...

Додека Турција ги фрла потребните чекори во правец на решавање на проблемите во Егејското Море и Источниот Медитеран, Грција со цел реализирање на обука со истрели објави два нови „NAVTEX“и коишто опфаќаат една широка зона во сферите на одговорност на Турција според меѓународното поморско право.

По ваквиот развој, Турција повторно објави „NAVTEX“ во сферите за коишто станува збор, а кои спаѓаат во нејзина одговорност. 

Во објавеното соопштение од страна на „NAVTEX“ станицата во Анталија се истакнува дека од страна на една ненадлежна станица е објавена поморска предупредувачка белешка, и се додава дека соопштението за кое станува збор е објавено наново од страна на „NAVTEX“ станицата во Анталија, во чија надлежност и спаѓа според меѓународното поморско право.

Во ова објавено соопштение се вели дека на 6 и 8 октомври ќе се реализираат обуки со стрелање во наведените зони во Источниот Медитеран.

Турски безбедносни извори истакнуваат дека соопштувањето на наведените два „NAVTEX“и од страна на Грција со цел реализирање на обуки за стрелање во една широка област во Источниот Медитеран и од страна на една ненадлежна станица нема да придонесат за решавање на проблемите, туку ќе станат причина за зголемување на затегнатоста во регионот.  

Истите извори и велат дека Турција е на страната на решавање на проблемите во Егејското Море и Источниот Медитеран во рамките на меѓународното право, дијалогот и добрососедските односи, а воедно информираат дека Турција фрли бројни чекори по ова прашање, во име на придонесот на решението го разгледува намалувањето на обемот на некои свои воени вежби, а дури и на одложување на некои од нив.

Изворите нагласуваат дека наспроти сиве овие добронамерни чекори на Турција, Грција пак е во обид да ја преврти масата за дијалог.

 



Слични вести