Мицотакис: Се надеваме дека наскоро ќе започнат разговорите со Турција, сега на ред е дипломатијата

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истакна дека со американскиот државен секретар Помпео разговараа за случувањата во Источниот Медитеран и рече дека се надева оти наскоро ќе започнат експлораторските (истражувачките) разговори со Турција

1499566
Мицотакис: Се надеваме дека наскоро ќе започнат разговорите со Турција, сега на ред е дипломатијата

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис заедно со американскиот државен секретар Мајк Помпео кој допатува на разговори во Атина, ја посетија базата на грчката флота во Суда на островот Крит.

По овдешната обиколка, грчкиот премиер Мицотакис истакна дека со американскиот државен секретар Помпео разговараа за случувањата во Источниот Медитеран и рече дека се надева оти наскоро ќе започнат експлораторските (истражувачките) разговори со Турција.

Велејќи дека Источниот Медитеран е од клучно значење за меѓународната стабилност, Киријакос Мицотакис рече: „Додека старите непријатели Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) стануваат пријатели не можат да растат брановите на непријателство во Средоземното Море. Се надеваме дека наскоро ќе започнат ескплораторските разговори (со Турција). Сега на ред е дипломатијата.“

Мицотакис привлече внимание дека се едногласни со Помпео по прашањето на тоа дека „затегнатоста помеѓу двете земји членки на НАТО не е во ничија полза“, а воедно напомена дека меѓународното право треба да биде детерминирачки во решавањето на недоразбирањата.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пак, подвлече дека ги поддржуваат техничките разговори коишто се одржуваат помеѓу Турција и Грција во рамките на НАТО и нагласи дека се на страната на продолжување на овој дијалог во склопот на Сојузот.



Слични вести