ТРСК ги осудува нападите на териториите на Азербејџан и ја изразува својата поддршка

Прашањето Нагорно Карабах меѓу Ерменıја и Азербејџан кое десетици години не може да се реши, уште еднаш стана сцена на жестоки судири

1498373
ТРСК ги осудува нападите на териториите на Азербејџан и ја изразува својата поддршка

 

ТРСК ги осудува нападите на териториите на Азербејџан и ја изразува својата поддршка и солидарност на пријателскиот и братски азербејџански народ.

Претседателот на Турската Репубика Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи ги осуди ерменските напади на териториите на Азербејџан и ја изрази поддршката и солидарноста на Кипарско турскиот народ на братскиот и пријателски азербејџански народ.

Мустафа Акинџи во писмената изјава рече дека прашањето Нагорно Карабах меѓу Ерменıја и Азербејџан кое десетици години не може да се реши, уште еднаш стана сцена на жестоки судири.

Привидната слика за независноста на Нагорно Карабах којашто ерменската управа сакаше да ја промовира на овие територии кои според меѓународното право се азербејџански територии, оправдано не беше прифатена од страна на Азербејџан.

Акинџи во продолжение рече дека прашањето кое не е решено на меѓународно ниво и кое е причина за смртта на невините жртви и тага и истата ситуација и натаму продолжува, освен тоа што ги осудуваме ерменските напади на азербејџанските територии, исто така во името на Кипарско турскиот народ на братскиот и пријателски азербејџански народ им изразувам солидарност.



Слични вести