Поддршка од бошњачките лидери Џаферовиќ и Изетбеговиќ до Азербејџан

Пораки со поддршка до Азербејџан испратија претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ и претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ

1498891
Поддршка од бошњачките лидери Џаферовиќ и Изетбеговиќ до Азербејџан

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ и претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), која е во положба на најголема бошњачка партија во земјата Бакир Изетбеговиќ, испратија пораки со поддршка до Азербејџан.

Шефик Џаферовиќ во испратената порака до азербејџанскиот претседател Илхам Алиев нагласи дека Босна и Херцеговина го почитува територијалниот интегритет на Азербејџан и посака да бидат прекината судирите и да се постигне мирољубиво решение.

Велејќи дека ги осудува нападите на Ерменија во Нагорно Карабах, Џаферовиќ истакна дека Босна и Херцеговина и Азербејџан се земји кои располагаат со крајно добри и пријателски односи.

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ, исто така изрази загриженост од случувањата помеѓу Ерменија и Азербејџан и го рече следното: „Според меѓународното право, Нагорно Карабах му припаѓа на Азербејџан. Нападите на Ерменија во кои се цели и против цивилите се неприфатливи.“

Појаснувајќи дека со она кое што денеска го доживува Азербејџан, Босна и Херцеговина се соочуваше во 1990-тите години, Изетбеговиќ рече: „Азербејџан има право за одбрана на сопствениот територијален интегритет. Меѓународните организации се обврзани да стават крај на она кое што го прави Ерменија.“

Бакир Изетбеговиќ истакна дека секој нерешителен и неутрален приод од страна на меѓународната заедница во врска со незаконските дејствија на Ерменија ќе претставува поддршка за продолжување на судирите, а воедно нагласи дека затоа е значајно да и се даде одлучна поддршка на управата на Азербејџан. 



Слични вести