Вучиќ по средбата со Ердоган: Сакаме да ги зачуваме нашите пријателски односи на најдобро ниво

Српскиот претседател Александар Вучиќ по остварената средба со претседателот Ердоган во Истанбул изјави за српските медиуми дека неговата земја сака да ги зачува своите пријателски односи на најдобро ниво (со Турција) и да ги развие уште повеќе во иднина

1497576
Вучиќ по средбата со Ердоган: Сакаме да ги зачуваме нашите пријателски односи на најдобро ниво

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по остварената средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Истанбул даде изјава за српската медија во која направи проценка на средбата. 

Претседателот Вучиќ нагласи дека Турција е земја со значајно влијание во регионот и го рече следното: „Сакаме да ги зачуваме нашите пријателски односи на најдобро ниво (со Турција) и да ги развиеме уште повеќе во иднина.“

Велејќи дека на остварената средба со претседателот Ердоган разговарале за проектите за изградба на автопати во Србија, новите сфери за инвестирање и политички прашања, Вучиќ воедно истакна дека воедно биле разменети мислења и во врска со трилатералните самити Турција-Србија-Босна и Херцеговина и заедничката индустриска зона за којашто се планира да се изгради во Србија. 

Вучиќ информира дека разговарале и за процесот на дијалог помеѓу Србија и Косово и продолжи со следните зборови: „Го ислушав ставот на почитуваниот Ердоган во врска со ова прашање и јас му го објаснив нашиот став. Тој приоѓа со почит кон Србија.“

Појаснувајќи дека му се одговара во иста рамка на секој оној кој чувствува почит кон Србија, Вучиќ нагласи дека не сакаат да западнат во различно мислења со Турција по ниту едно прашање.

Тој подвлече дека помеѓу двете земји постои извонредна комуникација и го рече следното: „Тоа е од големо значење од наш аспект, бидејќи Турција освен тоа што е едната од најзначајните регионални сили Таа е сила која со секој поминат дена доаѓа во уште позначајна положба и во светски рамки.“

Вучиќ напомена дека географскиот, економскиот, културниот и другите потенцијали на Турција се многу големи, а воедно укажа и на значењето на добрите односи со Турција, за Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека Турција располага со значајно влијание во регионот и го додаде следното: „Сакаме да ги зачуваме нашите пријателски односи (со Турција) на најдобро ниво и да ги развиеме уште повеќе, во иднина.“



Слични вести