Турција и Грција на заедничка воена вежба на специјалните сили на Балканските земји во Романија

Министерството за национална одбрана соопшти дека на заедничката воена вежба на спцијалните сили на балканските земји учествуваат војници на шест земји и тоа Турција, Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Грција и Романија

1493150
Турција и Грција на заедничка воена вежба на специјалните сили на Балканските земји во Романија

Турција во заедничката воена вежба на шест Балкански земји меѓу кои се наоѓа и Грција, учествува со свои 12 војници.

Во период додека продолжува затегнатоста помеѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран, двете земји учествуваат на заедничката воена вежба на шест Балакнски земји.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека на заедничката воена вежба на специјалните сили на Балканските земји учествуваат војници од Турција, Северна Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и Романија. 

Воената вежба којашто започна на 14 септември во Романија ќе заврши на 25 септември.

Цел на воената вежба е да се развијат пријателството, соработката и координацијата меѓу специјалните сили на Балканските земји, а истовремено да бидат разменети меѓусебно и знаења и искуства... Во рамките на воената вежба се има за цел да се развијат и способностите за реализирање на заеднички операции.

На заедничките воени вежби коишто продолжуваат да се одржуваат во Командата на специјалните сили на Романија, од Турција учествуваат 12 војници меѓу кои еден тим на специјалните сили и еден штабен персонал од Командата на специјалните сили на Генералштабот.



Слични вести