Повик од премиерот на Северна Македонија Зоран Заев до властите во Атина за соработка со Турција

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во интервју за грчкиот весник „Та Неа“ истакна дека Турција е сосед на Грција, а воедно е добар пријател и на Северна Македонија, при што упати повик до властите во Атина за соработка со Турција

1491928
Повик од премиерот на Северна Македонија Зоран Заев до властите во Атина за соработка со Турција

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев кој престојува во посета на Атина кадешто учествуваше на конференцијата на списанието „Економист“ (The Economist) посветена на иднината на Западен Балкан, даде интервју и за грчкиот весник „Та Неа“.

Во оваа пригода, Заев направи проценка и на присутната затегнатост помеѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран.

Премиерот Зоран Заев истакна дека Турција е сосед на Грција, а воедно е добар пријател и на Северна Македонија, при што упати повик до властите во Атина за соработка со Турција.

Укажувајќи на значењето на силните врски меѓу земјите во регионот, Заев го рече следното: „Да бидеме умни. Се надевам дека нема да дојде уште еднаш до ова (оваа затегнатост). Бидејќи, Турција е ваш сосед и воедно е и наш добар пријател.“

На едно поставено прашање пак, во однос на тоа дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган цели да стане лидер на муслиманите во Европа и на Балканот, премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, одговори со зборовите: „Не. Граѓаните имаат потреба од лидери кои нив ги сметаат и ги оценуваат пред себе како државјани (граѓани). Јас доаѓам од една мултинационална земја. 70 отсто од народот во Северна Македонија е православен, меѓутоа 25-26 отсто се муслимани и ние живееме заедно (во соживот).



Слични вести