Албанскиот премиер Еди Рама порача од Атина: Турција е клучна земја за безбедноста на Европа

Албанскиот премиер Еди Рама во Атина учествуваше на конференцијата на списанието „Економист“ (The Economist) посветена на иднината на Западен Балкан и восвојот говор што го одржа овде истакна дека Турција е клучна земја за безбедноста на Европа

1491962
Албанскиот премиер Еди Рама порача од Атина: Турција е клучна земја за безбедноста на Европа

Премиерот на Албанија Еди Рама во главниот град на Грција, Атина, говореше на конференцијата во организација на списанието „Економист“ (The Economist) и во соработка со грчката Влада, посветена на иднината на Западен Балкан.

Рама во својот говор се осврна на односите помеѓу Турција и Грција, борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), односите помеѓу Албанија и Грција и европската перспектива на регионот на Западен Балкан.

Велејќи дека неговата земја е стратешки партнер со Грција и Турција, Рама го рече следното: „Меѓутоа јас не чувствувам дека Албанија се наоѓа помеѓу два огна.“

Тој, говореше и за турско-грчките односи и за улогата на овие односи за Европа, при што истакна дека Турција е клучна земја за безбедноста на Европа. 

Еди Рама рече: „Апсолутно верувам дека во турско-грчките односи постои потенцијал на врска којашто ќе биде полезна и за Европа. Бидејќи, Турција е клучна земја за безбедноста на Европа, Грција е клучна земја за границите на Европа. Несомнено би можел да го кажам тоа дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган не е човек или политичар настроен против Грција и дека минатото несомнено ни покажа дека тогаш кога постои волја, постои и решение.“

Албанскиот премиер Еди Рама во својот говор го подвлече и следното: „Дијалог, дијалог, дијалог... Без да им се остави на други, без да се донесат други, едноставно вистински дијалог. Ништо не е лесно, меѓутоа конструктивните турско-грчки односи апсолутно би можеле да станат додадена вредност за цела Европа и јас 100 посто сум сигурен во тоа.“

 



Слични вести