Грција продолжува да поставува услови за започнување на разговорите со Турција

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повторно постави услов за дијалог и го рече следното: „Доколку Турција фрли чекор во правец на намалување на затегнатоста ние сме спремни веднаш за започнување на експлораторските (истражувачките) разговори“

1491182
Грција продолжува да поставува услови за започнување на разговорите со Турција

Од страна на Грција која постојано фрла потпис на провокации коишто ќе доведат до зголемување на тензијата во Источниот Медитеран, уште еднаш пристигна порака дека е спремна за разговор под услов Турција да фрли чекор во правец на намалување на затегнатоста.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина се состана со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција.

Овде Мицотакис, наспроти повикот на Турција за дијалог без предуслови повторно постави услов за дијалог и го рече следното: „Доколку Турција фрли чекор во правец на намалување на затегнатоста ние сме спремни веднаш за започнување на експлораторските (истражувачките) разговори.“

Инаку, експлораторските разговори помеѓу Турција и Грција во врска со сферите на надлежност во морето започнаа во 2002 година, додека последниот од овие разговори се одржа во 2016 година во Атина.

По овој датум, разговорите на линијата Анкара-Атина продолжија во форматот на политички консултации, меѓутоа двете земји не се вратија на експлораторска (истражувачка) рамка.

 



Слични вести