Ерсин Татар: Кипарскиот турски народ никако нема да се откаже од гаранторството на Турција

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека кипарскиот турски народ никако нема да се откаже од гаранторството на Турција

1489707
Ерсин Татар: Кипарскиот турски народ никако нема да се откаже од гаранторството на Турција

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во дадената изјава за информативниот канал „ТРТ Хабер“ говореше за случувањата во Источниот Медитеран, во врска со што истакна дека правата и интересите се од големо значење во регионот и дека во последните неколку години Република Турција постепено се повеќе ја изнесува својата одлучност.

Татар напомена дека кипарскиот турски народ никако нема да се откаже од гаранторството на Турција.

Велејќи дека Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се во соработка за заедничко присвојување на сиве овие богатства во Источниот Медитеран од аспект на зацврстување на своите национални интереси, Татар го рече следното: „Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Турција секако дека се доста многу задоволни од тоа. Кога ќе погледнеме кон меѓународното право, поморското право, правдата, совеста, секогаш велиме, надвласта во овој регион, ѝ како копно, ѝ како крајбрежен појас во Источниот Медитеран, е во Република Турција.“

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар нагласи дека кипарскиот турски народ никако нема да се откаже од гаранторството на Турција. 

Тој рече: „Турција самата рече дека никогаш нема да се откаже од своето гаранторско право.“

Подвлекувајќи дека како потреба на регионалните рамнотежи треба да се работи во усогласеност со Турција, Ерсин Татар го додаде следното: „Ако бидеме одделени од Турција ќе бидеме доведени во опасност.“



Слични вести