Грчките војници ранија сириски мигранти со пластични куршуми меѓу кои и едно 8 годишно девојче

Турските безбедносни сили во населеното место Мерич кај градот Едирне најдоа 9 нерегуларни мигранти со сириско државјанство меѓу и едно 8 годишно девојче по име Газин Абду, рането во ногата со пластичен куршум од страна на грчките погранични војници

1489716
Грчките војници ранија сириски мигранти со пластични куршуми меѓу кои и едно 8 годишно девојче

Во отворен оган со пластични куршуми врз нерегуларните мигранти од страна на грчките погранични воени единици е рането во ногата и 8 годишно мигрантско девојче Газин Абду.

Турските безбедносни сили во населеното место Мерич кај градот Едирне во близина на границата со Грција најдоа 9 нерегуларни мигранти со сириско државјанство меѓу кои се наоѓаше и едно 8 годишно девојче по име Газин Абду кое беше рането во ногата со пластичен куршум истрелан од страна на грчките погранични војници.

Ранетото девојче е префрлена на лекување во болница.

Постариот брат на 8 годишното девојче Газин Абду, 19 годишниот Хазар Абду, рече дека на границата со Грција дошле за да заминат за Европа.

Велејќи дека со своето семејство ја испробале својата шанса за да заминат за Европа, Хазар Абду рече: „Грчките војници не ранија на границата. Мојата сестра е застрелана со 2 пластични куршуми во ногата. Потоа не навредуваа, употребувајќи погрдни зборови ни рекоа да се вратиме. Турската полиција ни помогна, не донесе во полициската станица. Не однесоа во болница, сестра ми беше лекувана.“

Газин Абду и се заблагодари на Турција.

Нерегуларните мигранит по законските постапки беа однесени во Дирекцијата на управата за миграција на Едирне.



Слични вести