Белград: Во случај Израел да го признае Косово, Србија нема да ја пренесе својата амбасада во Ерусалим

Еден анонимен функционер близок до српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во случај Израел да го признае Косово како независна држава, Србија нема да ја пренесе својата амбасада во Ерусалим (Кудс)

1487627
Белград: Во случај Израел да го признае Косово, Србија нема да ја пренесе својата амбасада во Ерусалим

Како што се истакнува доколку Израел постигне договор со Косово за нормализирање на односите и го признае Косово, властите на Србија нема да ја пренесат својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).

Еден висок српски функционер за кого се вели дека е близок со српскиот претседател Александар Вучиќ и кој сакал да остане анонимен, во интервју за израелскиот весник „Џерусалим пост“ направил проценка на изјавите околу тоа дека Израел ќе го признае Косово.

Овој висок српски функционер истакнал дека признавањето на Косово од страна на Израел може да им наштети на односите помеѓу Белград и Тел Авив.

Истиот функционер го рекол следното: „Доколку Израел го призна Косово како независна држава, Србија нема да ја пренесе својата амбасада во Ерусалим (Кудс). Освен тоа, овој чекор би можел да им наштети на односите помеѓу Израел и Србија и тие никако нема да бидат исти. Толку едноставно.“

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп на 6 септември соопшти дека Косово ќе ги нормализира своите односи со Израел и дека ѝ Србија ќе ја пренесе својата амбасада во Ерусалим (Кудс).

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пак, истакна дека Косово кое донесе одлука за нормализирање на своите односи со Израел, својата амбасада ќе ја отвори во Ерусалим (Кудс).



Слични вести