Романија изрази задоволство од откривањето на природен гас од страна на Турција во Црното Море

Романскиот министер за економија, енергија, труд и животна средина Виргин Даниел Попеску истакна дека чувствува задоволство од откривањето на природен гас од страна на Турција во Црното Море

1486574
Романија изрази задоволство од откривањето на природен гас од страна на Турција во Црното Море

Романскиот министер за економија, енергија, труд и животна средина Виргин Даниел Попеску кој говореше на отворањето на конференцијата „FOREN 2020“ организирана на преку интернет истакна дека чувствува задоволство од откривањето на природен гас од страна на Турција во Црното Море.

Велејќи „Многу сме радосни од откривањето на природен гас од страна на нашите турски пријатели во Црното Море. На ист начин и од страна на Бугарија.“, министерот Попеску рече дека чувствуваат гордост од тоа што се наоѓаат во регионот на Црното Море.

Романскиот министер за економија, енергија, труд и животна средина Виргин Даниел Попеску напомена дека Црното Море нуди нови извори на природен гас и дека со откритијата ќе биде свртена и заинтересираноста на енергетскиот свет кон овој регион.



Слични вести