Порака со честитка од Чавушоглу по повод 8 Септември-Денот на независноста на Северна Македонија

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во својата порака со честитка го напиша следното: „Упатувам срдечни честитки по повод Денот на независноста на Северна Македонија. Секогаш сме покрај народот на пријателска Македонија.“

1487031
Порака со честитка од Чавушоглу по повод 8 Септември-Денот на независноста на Северна Македонија

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу на профилот на Министерството на социјалната мрежа Твитер објави и порака со честитка по повод одбележувањето на 8 Септември-Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Чавушоглу во својата порака со честитка го напиша следното: „Упатувам срдечни честитки по повод Денот на независноста на Северна Македонија. Секогаш сме покрај народот на пријателска Македонија.“

Мевлут Чавушоглу оваа своја порака ја напиша и на турски и на македонски јазик.

Инаку, Република Северна Македонија, денеска одбележува 29 години од својата самостојност и независност, по успешно спроведениот референдум на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Над 95 проценти од граѓаните кои излегоа на референдумот одговорија позитивно на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“. 

По прогласувањето на независноста, меѓу првите држави кои ја признаа државноста на Република Северна Македонија беа Турција и Бугарија, како и Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина, а потоа и други држави.



Слични вести