Министерскиот комитет на Советот на Европа уште еднаш ја предупреди Грција по прашањето на турското малцинство

Од страна на Министерскиот комитет на Советот на Европа е доставено уште едно предупредување до Грција по прашањето на применување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во врска со турското малцинство во Западна Тракија

1486635
Министерскиот комитет на Советот на Европа уште еднаш ја предупреди Грција по прашањето на турското малцинство

Министерскиот комитет на Советот на Европа уште еднаш ја предупреди Грција по прашањето на применување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и поправање на погрешно донесените одлуки од страна на грчките судови во врска со турското малцинство во Западна Тракија.

Во објавеното соопштение од Министерскиот комитет на Советот на Европа се истакнува дека на одржаниот состанок од 1 до 3 септември беше повторно разгледана „групата предмети Бекир Уста“ во врска со здруженијата на турската заедница во Западна Тракија и дека притоа е установено дека Грција не ги ставила во примена донесените одлуки во кои се осудува во врска со турското малцинство во Западна Тракија.

Во соопштението се вели дека и покрај тоа што од донесените одлуки на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) поминаа 12 години тие не се земаат во предвид од страна на грчките органи и не се применуваат од страна на локалните судови, што пак буди длабока загриженост.

Се истакнува дека разгледувањето во Високиот суд на Грција (Ариопагот) во октомври на прашањето за официјално признавање на Турската заедница во Ксанти (Искече) „İTB“ претставува критична прилика од аспект на надминување на недостатоците во претходните донесени одлуки од страна на грчките локални судови.

Во соопштението на Министерскиот комитет на Советот на Европа се додава следното: „Се потсетува дека обврската за целосно и ефикасно придржување на една земја потписничка на конвенцијата кон одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ги опфаќа ѝ толкувањата на националните закони од страна на националните судови и одлуките на Судот.“

Во истото соопштение се истакнува дека на грчките органи им се признава рок најдоцна до крајот на октомври оваа (2020) година да ја известат Европската комисија (ЕК) во врска со чекорите коишто ќе бидат фрлени во правец на доставените предупредувања, а воедно се напоменува дека развојот на настаните во врска со малцинските здруженија во Грција ќе бидат повторно поставени на разгледување  до март 2021 година.

 



Слични вести