Тачи: Обостраното признавање на Косово и Израел нема да му наштети на партнерството со Турција

Претседателот на Косово Хашим Тачи истакна дека ги разбираат грижите по прашањето на взаемното признавање на Косово и Израел, но рече дека тоа под никаков услов нема да му наштети на партнерството на неговата земја со Турција

1486489
Тачи: Обостраното признавање на Косово и Израел нема да му наштети на партнерството со Турција

Претседателот на Косово Хашим Тачи на одржаната прес конференција пред претседателската палата во главниот град Приштина направи проценка на потпишаниот договор за економска нормализација помеѓу Косово и Србија на 4 септември во главниот град на Соединетите Американски Држави (САД) и на обостраното признавање на Косово и Израел.

Тачи истакна дека обостраното признавање на неговата земја и Израел под никаков услов нема да му наштети на партнерството со Турција.

Велејќи дека ги разбираат грижите ѝ на Арапската лига (АЛ) ѝ на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по прашањето на взаемното признавање на Косово и Израел, Хашим Тачи рече: „Примивме загриженост од Арапската лига, но и од претседателот Ердоган во врска со взаемното признавање на Израел и Косово. Во контакт сум со претседателот Ердоган. Со него разговаравме телефонски и ова признавање под никаков услов нема да му наштето на стратешкото, пријателското и братското партнерство со Турција.“

Доставувајќи ја својата благодарност до САД кои како што рече беа покрај чекорите на неговата земја за стекнување со својата слобода, изградбата на државата и евроатлантските интеграции, Тачи  појасни дека чувствува гордост и радост поради заедничките напори на американскиот претседател Доналд Трамп и  на неговиот специјален претставник одговорен за преговорите помеѓу Косово и Србија Ричард Гренел, коишто продолжуваат повеќе од 2 години.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека лидерите на Србија и Косово, претседателот Александар Вучиќ и премиерот Авдулах Хоти, кои минатата недела се состанаа во Белата куќа постигнаа договор, а воедно најави дека Косово и Израел се договорија да воспостават дипломатска врска и дека и Србија својата амбасада во Израел од Тел Авив ќе ја пренесе во Ерусалим (Кудс).

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово преговорите ги продолжија и денеска, во главниот град на Белгија, Брисел.



Слични вести