Според едно истражување во Грција 69,8 отсто од граѓаните се за дијалог со Турција

Според едно спроведено истражување на јавното мислење во Грција на прашањето „дали треба да се оди на дијалог“ за надминување на затегнатоста со Турција, 69,8 отсто од анкетираните грчки граѓани одговорија „да, треба да се оди на дијалог“.

1486364
Според едно истражување во Грција 69,8 отсто од граѓаните се за дијалог со Турција

Едно спроведено истражување на јавното мислење во Грција покажа дека 69,8 отсто од народот е на страната на воспоставување дијалог со Турција за изнаоѓање решение за билатералните односи.

Атинскиот весник „Та Неа“ ги објави резултатите од спроведеното истражување за тоа што мислат граѓаните во Грција во врска со присутната затегнатост со Турција.

На прашањето на весникот „дали треба да се оди на дијалог“ за надминување на затегнатоста со Турција, 69,8 отсто од анкетираните грчки граѓани одговорија „да, треба да се оди на дијалог“.

63,7 отсто од анкетираните сметаат дека постои веројатност за висок или среден степен од „доживување на сериозен инцидент“ со Турција во наредниот период, додека 34,5 отсто се изјаснија во правец на тоа дека оваа веројатност е „мала или воопшто нема“.

На прашањето дали „Грција треба да ги искористи своите воени способности против Турција“ пак, 49,2 отсто од испитаниците одговорија дека „треба да ги искористи или веројатно е да ги искористи“, додека 47,1 отсто на ова прашање одговорија дека „не треба или веројатно не треба“.



Слични вести