ЕУ загрижена од одлуката на Србија и Косово да отворат свои амбасади во Ерусалим (Кудс)

Петер Стано, портпаролот на Европската комисија (ЕК), истакна дека дека не е променет ставот на Европската унија (ЕУ) по прашањето на пренесување амбасадите во Ерусалим (Кудс) и дека земјите членки на ЕУ немаат амбасада во Ерусалим

1486414
ЕУ загрижена од одлуката на Србија и Косово да отворат свои амбасади во Ерусалим (Кудс)

Европската унија (ЕУ) соопшти дека одлуката на Србија и Косово да отворат свои амбасади во Ерусалим (Кудс) претставува „сериозен извор на загриженост“. 

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано на одржаната редовна дневна прес конференција одговараше на поставеното прашање во врска со тоа дека Србија и Косово по склучените договори со Соединетите Американски Држави (САД) мината недела ќе отворат свои амбасади во Ерусалим (Кудс).

Велејќи дека не е променет ставот на Европската унија (ЕУ) по прашањето на  пренесување амбасадите во Ерусалим (Кудс), Стано рече: „Земјите членки на ЕУ немаат амбасада во Ерусалим. И делегацијата на ЕУ не е во Ерусалим. Оваа состојба е во усогласеност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН број 478 од 1980 година.“

Стано потсети дека Европската унија (ЕУ) го поддржува решението со две држави и наведе дека и статусот на Ерусалим (Кудс) исто така ќе биде дел од ова решение.

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано, ја подвлече одлуката на ЕУ во која се вели дека Ерусалим (Кудс) треба да биде главен град и на двете држави, по што го додаде следното:

„Бидејќи Косово и Србија соопштија дека процесот на пристапување во Европската унија (ЕУ) е нивен стратешки приоритет, Европската Унија очекува двете земји да делуваат во согласност со ова нивно ветување. Не треба да се поткопува перспективата на ЕУ. Србија ги продолжува преговорите за пристапување во ЕУ. Затоа, Србија своите политики со трети земји треба да ги усогласи со политиките и позициите прифатени од страна на ЕУ. Во тој контекст, било каков дипломатски чекор што би довел до преиспитување на заедничкиот став на ЕУ во врска со Ерусалим (Кудс), претставува извор на серозна загриженост и жалење.“



Слични вести