Грчката пратеничка Лиана Канели: Ердоган е стратешки ум, Турција регионална супер сила

Грчката пратеничка Лиана Канели истакна дека Грција греши со тоа што и верува на Франција по прашањето на Источниот Медитеран и рече: „Ердоган е стратешки ум, Турција е регионална супер сила“

1486278
Грчката пратеничка Лиана Канели: Ердоган е стратешки ум, Турција регионална супер сила

Грчката пратеничка Лиана Канели во една телевизиска програма истакна дека Грција греши со тоа што и верува на Франција по прашањето на Источниот Медитеран.

Таа рече: „Ердоган е стратешки ум, Турција е регионална супер сила.“

Лиана Канели која е пратеничка на грчката Комунистичка партија (KKE) во програмата „Ateriastus“ на телевизискиот канал „SKAİ“ направи проценка на најновите случувања во Источниот Медитеран. 

Канели изнесе признанија во врска со Турција и го рече следното: „Ердоган е стратешки ум, Турција е регионална супер сила, правиме грешка со тоа што и веруваме на Франција.“

Пратеничката Лиана Канели во својот говор го подвлече и следното: „Никој не доаѓа во Грција поради тоа што не сака нсс. Не умира по грчките интереси.“

Критикувајќи ја политиката на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кон Источниот Медитеран, пратеничката Лиана Канели рече: „Некои извикуваат слогани за сојуз помеѓу Грција и Франција. На времето за да дојде тогашниот француски претседател Жискард Д'Естен овде (во Грција) ги сечевме дрвјата пред него.“



Слични вести