Во Северна Македонија регистрирани 92 нови случаи на Ковид-19, 3 починати и 86 оздравени лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 92 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19), 3 починаа, а 86 лица оздравеа

1485857
Во Северна Македонија регистрирани 92 нови случаи на Ковид-19, 3 починати и 86 оздравени лица

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 92 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 15.090.

Министерството за здравство информира дека починати се уште 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 617.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 12.235.

Во моментот активни се 2.238 случаи со Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 997 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 157.519 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести