Фотографиите на Вучиќ во Белата куќа предизикаа полемики

Документот којшто Вучиќ го потпиша во Соединетите Американски Држави е „како анегдота“

1485746
Фотографиите на Вучиќ во Белата куќа предизикаа полемики
Aleksandar Vucic b. saray.JPG
Aleksandar Vucic b. saray1.JPG

Во период кога опозоцијата во Србија ја критикуваа содржината на договорот за економска нормализација со Косово потпишан од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ со Косово во САД, фотографиите на српскиот лидер во Белата куќа, исто така предизвикаа полемики.

По изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Србија својата амбасада од Тел Авив ќе ја премести во Ерусалим“ за време на церемонијата на потпишување, фотографиите што беа објавени во социјалните медиуми ја рефлектираа зачуденоста на Вучиќ и привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, додека опозициските веб-страници истите ги изнесоа на нивните насловни страници.

На снимките може да се види како Вучиќ прелистува страници на текстот на договорот по изјавата на Трамп, а потоа се врти кон делегацијата и го наведнува лицето, додека медиумите во земјата тврдат дека српската делегација или не била запознаена со текстот што го потпишала или без нивно знаење бил додаден на содржинара на договорот.

Една друга фотографија на Вучиќ во Белата куќа која беше критикувана беше начинот на кој тој седеше на столчето наспроти Трамп.

Вук Јеремиќ, лидерот на опозициската Народна партија, тврди дека документот којшто Вучиќ го потпиша во Соединетите Американски Држави е „како анегдота“ и додаде дека ниту еден лидер кој потпишал таков текст на кое било друго место во светот не може се пофалил дека за возврат добил подарок пенкало.

Изјавувајќи дека половина од светот се смееше на потпишаниот текст, а другата половина беше згрозена, Јеремиќ тврди дека овој текст е на штета на Србија.

Јеремиќ истакна дека преместувањето на српската амбасада во Ерусалим се коси со Резолуцијата број 478 на Советот за безбедност на Обединетите нации и го критикуваше Вучиќ кој со себе не понел советник за меѓународни односи во Белата куќа.



Слични вести