„Фестивал на слободата“ во Хрватска во знак на протест против корона мерките

Илјадници лица кои учествуваа на овој фестивал во организација на иницијативата „Права и слободи“ во главниот град Загреб се собраа на плоштадот „Бан Јосип Јелачиќ“

1485550
„Фестивал на слободата“ во Хрватска во знак на протест против корона мерките

Во Хрватска се одржа „Фестивал на слободата“, а во знак на реакција против мерките коишто ги преземаат на властите во оваа земја против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Илјадници лица кои учествуваа на овој фестивал во организација на иницијативата „Права и слободи“ во главниот град Загреб се собраа на плоштадот „Бан Јосип Јелачиќ“.

Учесниците на фестивалот на кој освен Загребчани дојдоа со автобуси и голем број граѓани од градови како што се Дубровник, Сплит, Шибеник,Задар, Ријека и Истра, својата реакција против корона мерките ја изнесоа со транспаренти во своите раце на кои пишуваше „Лагата Ковид-19“, „Ни забранија да дишеме“, „Наша одговорност, наш избор, наша одлука“, „Не сме сите ковидиоти“, „Подобро гроб отколку роб“ и „Тргни ја маската, исклучи го телевизорот и живеј го животот во потполност“.

Организаторите на фестивалот застанаа во одбрана на тоа дека преземените мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги разграничуваат правата и слободите на граѓаните.

Во Хрватска кадешто првиот случај со новиот тип коронавирус (Ковид-19) е регистриран на 25 февруари досега од вирусот животот го загубија 197 лица, регистрирани се 11.739 случаи на зараза, а 8.771 лице оздраве.



Слични вести