Србија и Косово потпишаа договор за нормализација на економските односи
Својот потпис на договорот за економска нормализација на односите го ставија српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, а во присуство и на американскиот претседател Доналд Трамп
1485186

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти, на одржаната церемонија во Белата куќа во присуство и на американскиот претседател Доналд Трамп го потпишаа договор за економска нормализација помеѓу двете земји.
На крајот на преговорите помеѓу двете земји коишто продолжија во текот на неделата во Белата куќа, Косово и Србија се договорија по прашањето на нормализација на економските односи.
Заменик портпаролот на Белата куќа Џуд Дир го рече следното: „Трамп соопшти дека Србија и Косово се договорија по прашањето на економска нормализација.“